Воената операција на Русија во Украина е брутален напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и кршење на меѓународното право, смета пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Павле Трајанов.
Во изјава за Фокус, тој вели дека воената интервенција ќе трае се додека Украина дава отпор, при што, според него, ќе се нанесат огромни штети на инфраструктурата и производствените капацитети, а ќе има многу жртви и бегалци.
–Овој конфликт е премногу близу до нас, затоа треба да водиме сметка за нашите дологорочни, стратешки и витални интереси. Државата мора да се подготви и да се соочи со можните последици, како резултат на можните последици на политички, безбедносен и економски план – вели Трајанов.
Во оваа насока, според него, мора да се проверат сите системи како ќе дејствуват во услови на криза и, како што посочува, да се надополнат резервите со стратешки производи, енергенси, лекови и сл.
На мегународен план, додава Трајанов, земјава мора да ја следи и активно да партиципира во градењето на меѓународната и безбедносна политика на НАТО и ЕУ.
В.С.