Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи: „Без осуда на злосторствата од минатото, не може да градиме демократска иднина“

by Fokus

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов поднесе Иницијатива до Уставниот суд, за поништување на Автентичното толкување на член еден од Законот за амнестија, со кое се запре постапката за четирите Хашки случаи: „Водство на ОНА“, „Липковско езеро“,„Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“.

„Без силна и цврста осуда на злосторствата од минатото не може да градиме мирна и демократска иднина“ рече Трајанов.

По Автентичното толкување, се запре постапката за четирите Хашки предмети, со што според Трајанов, се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор лица за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година.

„Ова толкување е спротивно на Уставот и Кривичниот законик, како и Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат.

Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата и да донесе одлука за отстранување на правните пречки за продолжување на постапката по четирите Хашки случаи“ порача Трајанов.

Поврзани новости