Трајанов по убиството на Вања и Панче: Граѓаните не треба да се плашат, туку да бидат претпазливи

by Fokus

Пратеникот Павле Трајанов и претседател на Демократскиот сојуз, не се согласува со оценките дека безбедноста во државата е на највисоко ниво.

Како што изјави вечерва во „Топ тема“ на телевизија „Телма“, оправдана е реакцијата и револтот кај граѓаните, кои, како што рече, не се чувствуваат сигурни и безбедни.

По убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, Трајанов нагласи дека граѓаните не треба да се плашат, но треба да бидат претпазливи.

Tој апелираше до Владата, до државните институциии, се она што се пројавува како криминал, насилство, заплашување, рекет, нарко-бизнис, да дејствуваат, нагласи, без каков било страв. Според него, не смее политиката да се вмеша во работата на овие стручни институции и оперативци кои работат. Верувам, рече тој, дека таму има високо-стручни професионалнци, да не ги блокираат во извршувањето на нивните задачи.

– Треба метла, кадровско прочистување на сите државни институции, да не останат партиски неспособни кадри да работат на високи позиции. Затоа слаба администрација, слаби институции, лоша безбедност – заклучи Трајанов.

 

Поврзани новости