Трајанов по средбата со Мицевски: Изборни реформи во 3 фази

by Фокус

Во првата фаза треба да се донесат измените на Изборниот законик, со што Северна Македонија ќе биде една изборна единица и без изборен праг, во втората фаза да се направат поцелосни реформи на изборните правила, со кои ќе се отстранат системските предности на четирите партии, посебно во врска со медиумското претставување и финансирање на изборната кампања од Буџетот, додека во третата фаза да се извршат уставни промени со кои ќе се намали бројот на пратеници од 120 на 90.

Ова го изјави лидерот на Демократски сојуз и пратеник Павле Трајанов, по средбата со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, во врска со реформите на изборните правила. Притоа, Трајанов рече дека очекува во текот на следните 15 дена Комисијата за политички систем и односи со заедниците да започне расправа по предлог Законот, кој што веќе е во парламентарна постапка.

-Цврсто стоиме на ставот дека треба да се променат изборните правила, затоа што навистина Парламентот ќе биде одраз на реалната определба на граѓаните, а не како досега – изјави Трајанов, изразувајќи спремност за разговор и со ДУИ и со Али Ахмети, како и со претставниците од другите партии.

Поврзани новости