Демократскиот сојуз на авле Трајанов му испратил писмо на премиерот, Димитар Ковачевски откако тој го поднесе предлогот за реконструкција на Владата. Трајанов кој е дел од владечката коалиција во писмото порачува дека нема да поддржат партнер во Владата кој се заканува со дестабилизација.
-Освен персоналниот состав на Владата, за Демократскиот сојуз и пошироко за јавноста се клучни програмските определби, поради што бараме со програмските барања на АА да се информираат партиите и јавноста. Инаку, не сме подготвени да поддржиме нов партнер во Владата доколку се заканува со дестабилизација, радикализација и реорганизација на Македонија, делејќи ги граѓаните по етничка основа околу најавените уставни промени, се вели во писмото на Трајанов.
Тој ги повторува и програмските заложби на неговата партија и порачува да се внимава на кадровските решенија при избор/реконструкција на Влада.
Трајанов забележува и што не се реализирани нивните приоритетите за кои и досега имале усогласени ставови со СДСМ.