Трајанов не ги поддржа заклучоците на СДСМ и ДУИ

by Фокус

На денешната седница на Парламентот, претседател на Демократскиот сојуз Павле Трајанов не гласаше за заклучоците предложени од владејачките партнери СДСМ и ДУИ.

Тој од говорницата порача да се гласа за заклучоците што тој ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македондкиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот, а потоа да има една меѓувладина конференција.

Од ДС велат дека цврсто стојат на на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми.

Поврзани новости