Трајанов му врати на Ковачевски: Се надевам дека не е заложник на ДУИ

by fokus

Се надевам дека господинот Ковачевски не е и нема и понатаму да биде заложник на водството на ДУИ, му одговори лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на премиерот, Димитар Ковачевски кој денеска ја коментираше нивната одлука да излезат од Влада.

-Околу моето наводно заложништво кон Левица, тоа е ниско ниво на “комуникација” и на ист начин можам да изјавам дека “се надевам дека господинот Ковачевски не е и нема и понатаму да биде заложник на водството на ДУИ”. Како и досега, немам намера никого да дискредитирам, но подготвен сум да учествувам во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата, се вели во реакцијата на Трајанов.

Ковачевски му замери на Трајанов дека вчера не го гласал законот за Договорот со Фронтекс.

-Во врска со нападите од премиерот Димитар Ковачевски, нагласувам дека во текот на вчерашниот ден гласав за повеќе закони и одлуки, но имаше паузи, при што присутното мнозинство пред да влезам во салата каде се одржуваше седницата го гласале и Договорот со ФРОНТЕКС, кој целосно го поддржувам, одговори Трајанов.

Поврзани новости