Трајанов: Двата предлози мора да ни бидат доставени

by Fokus

Лидерот и пратеник на Демократски Сојуз, Павле Трајанов денеска информира дека како партија не го добиле ниту првиот, ниту вториот предлог од Париз.

-Ќе барам прво што е најважно да го добиеме предлогот и да имаме временски простор да го разгледаме, па да го изградиме нашиот став. Инсистираме и двата предлози да ни бидат доставени. Ќе бараме од МНР и Владата во писмена форма да објаснат во што е суштината на новиот променет предлог. Информациите што доаѓаат од Бугарија, тие тврдат дека нема никакви суштински промени, вели Трајанов пред влегувањето во Владата на лидерската средба за разгледување на францускиот предлог.

Поврзани новости