376
Демократскиот сојуз соопшти дека на седницата на парламентот (18.09.2015 година), Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски сојуз, го отвори прашањето за голем број на граѓани кои вршеа нелегален пренос на мигранти, а се осудени на високи казни. Овој процес се декриминализира (превозот на мигрантите се врши со возови, автобуси, патнички возила и др.), поради што ја иницира потребата од аменстија.
-Во Република Македонија последната општа амнестија е спроведена во 1999 година. Оттогаш наваму многу судски одлуки се на „стаклени нозе“, поради што Владата на РМ треба да ја разгледа можноста и оправданоста и да подготви Закон за амнестија.
Со донесувањето на Законот за специјален јавен обвинител, парламентот потврди дека судскиот систем е со крајно нарушен кредибилитет и оттаму многу судски одлуки треба да бидат предмет на анализа („Змиско око“, „Шпион“, „Ликвидација“, и др.) Како државен чин на опростување на казна, но и корекција на неправда, скоро секаде, во сите држави, се спроведува амнестијата, велат во Демократскиот сојуз.