Националниот координатор за имплементација на национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов во вечерашното гостување на Топ Тема зборувајќи за последните информации од МВР дека имало опасност од терористички напад во Македонија рече дека тоа се должи на слабеењето на ИСИС и враќањето на нивните борци во матичните држави.
-Јавноста е вознемирeна, посебно медиумите се интересираат дали има опасност од терористички напади. Недостасуваат инфoрмации што навистина се случило. Според таканарачените отворени извори на информации, полека ИСИС ја губи својата сила, голем број борци се уапсени, над 800 се во затворите на Курдите и што е најбитно голем дел се веќе заминати во матичните држави, и на Балканот. Колку тој број е поголем, претставуваат закана. Сосема е очекувано МВР и УБК во соработка со тајните служби на САД, Германија, Франција, да добиваат информации кој е вратен и во колкав број. Информациите дека над 150 борци од Македонија се притворени таму. Треба да се направи план за преземање и институциите професионално да постапат, рече Трајанов.