Трајанов бара вонредна седница на Собранието за еврообврзницата

by Fokus

Демократскиот сојуз јавно ги повикува граѓаните, граѓанските асоцијации, експертите, медиумите и политичките партии, преку демократски средства да ја блокираат реализацијата на еврообврзницата од 650 милиони евра.

– Со оваа обврзница Македонија се задолжува со милијарда евра (650 милиони евра еврообврзница и 350 милиони евра камата), во услови на длабока и тешка политичка криза и без консултации со опозицијата, експертите и пошироката јавност. Тргнувајќи од фактот дека задолжувањето го прави Влада која е техничка и која за десетина дена ќе биде сменета, како и барањето на мнозинството граѓани да не се задолжува повеќе државата, апелираме до банките-потенцијални купувачи на еврообрзницата и меѓународните финансиски институции, да не ризикуваат и да ја блокираат реализацијата на еврообврзницата, независно од моменталната примамливост за висок профит – истакна Павле Трајанов, претседател на ДС.

Тој ги повикува пратениците од опозицијата, заедно, да побараат одржување вонредна седница на Парламентот, на која ќе се расправа за еврообрзницата и вкупниот долг на државата, а за што се потребни најмалку 20 пратеници

 

Поврзани новости