Демократскиот сојуз смета дека би било врв на хипокризија е доколку победата осмоодделенецот Дамјан Давков на натпревар по математика за средношколци да биде поништена од бирократски причини.
„Реформите во образованието треба да започнат со однесувањето на првиот учител (министер) во овој систем, но тоа не го гледаме преку примерот на ученикот Дамјан Давков од Штип. Нема поважна реформа во образованието од таа системот да почне да ги препознава, признава, помага и поттикнува младите генијалци“, велат од ДС.
Од партијата на Павле Трајанов предлагаат претседателот Стево Пендаровски да го награди талентираниот ученик Давков и да го искористи своето политичко влијание и авторитет за да му обезбеди државна стипендија за талентирани ученици за неговото натамошно школување.