Трагикомично е Вангеловски и Маневски мене да ме обвинуваат, вели Маричиќ

by Fokus

Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека целта на неговото повикување на судиите да ја образложат одлуката за пуштање на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков од притвор била да ги повика судската и обвинителската фела на отченост пред јавноста бидејќи, како што посочува, јавноста секогаш ја обвинува извршната власт за добрите, но почесто за лошите или неиздржани судски одлуки.

– Ниту на каков било начин имам влијаено врз одлуките на судот. Пред неколку дена во јавната реакција упатив повик до судиите да си ги дообјаснат своите одлуки во јавноста. Кога имаше криза, пред помалку од една година во врска со обидот за бегството или полубегството на Мијалков сите очи беа вперени кон извршната власт. Сметам дека независното судство треба да си ги објасни своите одлуки на јавноста. Не може поради некои неиздржани одлуки на судиите и обвинителствата секогаш да биде виновна извршната власт. Ништо лично не сум имал против Мијалков, рече Маричиќ денеска во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Притоа тој  потсети дека исти реакции имало и пред една година кога барање за притвор побара Обвинитеството, а одлуката ја донесе Судот.

– Јас и за овој случај дознав од јавноста. Инаку, имињата на судиите кои ги споменав ги дознав од луѓе внатре во судот и не велам дека тоа е правилно. Ние немаме друг начин како извршна власт да се одбраниме од нападите, освен да ја повикаме судската власт да ги образложи одлуките, без да влијаеме какви ќе бидат тие. Инаку имавме и една ослободителна пресуда за Мијалков и тогаш никој не реагираше, зошто судот ја образложи таа пресуда, нагласи Маричиќ.

Министерот за правда посочи дека целта е да ја повикаат судската и обвинителската фела на отчетност пред јавноста и ништо повеќе.

– Трагикомично е Вангеловски и Маневски мене да ме обвинуваат за влијание врз судството, а тие беа симбол на заробено судство. Сега толку многу е различно судството и апсолутно е смешно да се споредува. Маневски е причина зошто Европската комисија и Венецијанската комисија препорача министерот да не присуствува на сесисите на Судскиот совет.

Има шест разрешувања на судии од Маневски кои паднаа во Стразбур и за кои државата плаќа оштета… Вангеловски за претседател на Врховен суд беше избран без ден искуство како судија, а беше разрешен за нестручно и несовесно работење и има и кривична пријава за манипулации со еден притворски случај. Сакав да објаснам на јавноста кои се ударна тупаница против мене за еден мој фејсбук статус, рече Маричиќ.

Поврзани новости