614
Шест лица загинаа во експлозија на нагазна мина оставена од терористите на Исламската држава во областа Деир ез-Зор во Сирија.
Како што јави агенцијата Сана, жртвите барале тартуфи кога се случила експлозијата.
Директорот на општата управа на болницата Ал Асад во Деир ез-Зор, Мамун Хајза, изјави дека шест тела на луѓе повредени од шрапнел во експлозија на мина се доставени во болницата, пренесе Танјуг.