Од Клиничката детска болница во Загреб соопштија тажна вест за судбината на двеиполгодишното девојче, кое со смачкана глава пред неколку дена беше однесе во болницата.
-Со голема тага и жалење мора да ве известиме дека кај нашата мала пациентка, покрај сите преземени мерки и исклучителни напори на интензивниот тим, дојде до критично клиничко влошување. Во согласност со тоа, според протоколот спроведена е постапка за утврдување на мозочна смрт, што за жал е потврдено во 15.20 часот. Нека почива во мир, стои во соопштението од болницата, пренесува „Јутарњи лист“.
Хрватска ја потресе незапамeтен случај на брутално повредување на девојчето од 2,5 години. Таа со смачкана глава е примена во болница. Родителите се уапсени, а девојчето во средата од болницата во Нова Градишка е пренесено во Загреб, оперирано е и беше на интензивна нега, приклучено на респиратор.
Според она што пишуваа хрватските медиуми, таа во ноември била вратена кај своето семејство, откако претходно била сместена во згрижувачко семејство, поради нарушени одности и немање услови во нејзиното семејство. Откако била одземена, мајката и таткото добиле уште две деца, а биле и под постојан надзор на Центарот за социјални грижи, од каде била дадена дозвола девојчето да се врати кај своите родители. Иако биле под инспекција секој втор ден, сепка надлежните не успеаја да го спречат овој немил настан, во кој девојчето плати со живот.