Траги од дрога биле пронајдени во домот на британската политичарка Лиз Трас по забавите на кои присуствувале нејзините политички сојузници, објави Гардијан.
Според изворите, белиот прав бил откриен на имотот минатото лето во деновите пред Трас да победи во трката за лидер на Ториевците и да стане премиерка на Велика Британија.
Еден член на персоналот тврдел дека го тестирал прашокот со помош на брис што ја менува бојата кога е во контакт со кокаин, а тоа укажувало на присуство на дрога.
Поседувањето кокаин е кривично дело кое може да доведе до затвор до седум години или неограничена парична казна, посочува Гардијан.
Одделни извори опишуваат дека биле пронајдени слични траги во канцелариите на Даунинг стрит 10 по две забави одржани кога Борис Џонсон беше премиер.