Трагедија во Загреб – воз удри во 14-годишно дете, почина на лице место

by Fokus

Полицијата во Загреб објави дека воз удри во момче и тоа почина на лице место.

Трагична сообраќајна несреќа се случи денеска кај Западни колодвор во Загреб. Патнички воз удрил во 14-годишно момче кое починало на местото на несреќата.

Загрепската полиција потврди дека нешто по 14 часот е убиено дете на Западната станица во Загреб, на ниво на премин.

Сообраќајот е блокиран. Истрагата е во тек.

Поради инцидентот на влезот во Загреб се очекува возовите да доцнат околу 30 минути.

Поврзани новости