1.3K
Две самоубиства, на момче и девојка, кои се случија во рок од 24 часа во Штип ја потресоа Македонија.
Животот најпрвин си го одзело 25-годишно момче, а неколку часа подоцна и 22-годишна девојка.
Засега мотивите за двојната трагедија официјално не се откриваат, но се шпекулира дека двата случаи се поврзани, односно наводно станувало збор за забранета љубов, од страна на едното семејство.
Местата на трагичниот чин, сепак не се исти, иако самоубиствата се извршени на идентичен начин.
Момчето си пресудило на археолошкиот локалитет Баргала во текот на вчерашниот ден, додека синоќа со бесење се самоубила и 22 годишната девојка.