Трагедија во Сарај, убиени три лица

by fokus

Денеска околу 10.00 часот од страна на непознато лице извршено е убиство на најверојатно три лица (едно лице е убиено во с.Глумово, додека две лица се убиени на влез во с.Кондово), соопштија од Министерството за внатрешни работи.

При обид за приведување на лицето во с.Глумово од страна на полициски службеници од единицата „Алфа“, истото извршило самоубиство.

Смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увидот е во тек.

Најверојатно сторител е Ш.С. од с.Глумово, информираат од МВР.

 

Поврзани новости