Трагедија во прилепско Дебреште: Шестгодишно дете почина откако паднало од трактор

by Fokus

Вчеравечер, шестгодишно дете паднало од трактор кој го управувал 27 годишен маж, а откако било однесено во болница била констатирана смрт.

„На 22.07.2020 во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско, додека А.А.(27) од с.Дебреште управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повреди, по што било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт. Увид извршила екипа Полициската станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител“, велат од МВР.

Поврзани новости