Трагедија во позната бања во близина на Рим – загина 8 годишно дете

by Fokus

Во позната бања во близина на Рим во Италија, момче (8) трагично загинало во четвртокот кога со пумпа било вшмукувано во одводот на базенот, пишува „Кориере дела сера“.

Во пресрет на трагедијата имало апел од огласувачкиот систем сите капачи да ги напуштат базените бидејќи работното време завршува.

Осумгодишниот Стефан кога го слушнал апелот првично излегол од базенот, но повторно паднал внатре. Трагедијата се случила пред бројни очевидци.

Во моментот кога повторно паднал во водата, пумпите кои биле користени во процесот на чистење биле вклучени и во еден од трите базени, водата наеднаш се упатила кон одводот. Водата го однела момчето со себе.

Посетителите го виделе ова и скокнале да помогнат, но не можеле да го спасат. Фрлале и јажиња.

Притисокот го вшмукал детето во одводот, поради што неговото тело било извлечено дури неколку часа подоцна. Родителите биле со момчето додека тоа пливало во базените на позната бања во близина на Рим.

Акцијата на извлекување на телото наводно траела околу два часа, но пожарникарите заедно со лекарите ја констатирале смртта на малото момче. Истрагата ќе открие дали работниците ги вклучиле пумпите без претходно да проверат дали сите капачи се надвор од вода.

Поврзани новости