Настанот во кој дете вчера почина откако го нападна куче се случил во скопската населба Пинтија. Неофицијално, осумгодишното дете влегло во дворот кај првите соседи кога кучето го нападнало. Родителите на детето биле во добри односи со соседите.
Со повреди на вратот и главата родителите веднаш го однеле во болница, но детето искрварило по пат, а лекарите не успеале да го реанимираат.
Од МВР претходно известија дека вчера во 18,25ч. од ГОБ„Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
К.С.Б.