„Никогаш немаше да отидеме таму да не не поканеше другарот на Стефан. Излеговме на прошетка, а јас дојдов дома без брат ми. Тој падна на предизвикот на тоа момче кое го убеди да се капе таму”, вели С.З. сестра на дванаесетгодишникот кој се удави вчера во атар на нишкото село Малошиште во реката Јужна Морава, пренесува српски „Телеграф“.
Таа објаснува дека првпат биле на тоа место и дека никогаш немало да отидат таму да знаеле колку е опасно.
– Штом стигнавме до водата, тоа момче не убеди да се капеме. Јас одбив, ни брат ми не сакаше, но другарот го предизвика. Му рекол: – Ајде, скокни „бомба“, еве јас ќе скокнам! Брат ми на почетокот го одби, но другарот го предизвика, нарекувајќи го кукавица. Тој тогаш реши да му покаже дека не се плаши, скокна во водата и веднаш потона – вели несреќната сестра.
Преплашени деца веднаш повикале жена која случајно се нашла на тоа место, а таа ја алармирала полицијата.
Маж кој бил во езерцето, во близина и го позајмил својот чамец на полицијата, но се покажало дека е несоодветен за пребарување.
Пожарникарите и спасувачите пристигнале со својата опрема и детето е пронајдено многу брзо.
Истрагата ја вршела полицијата по налог на В.Ј.Т. Ниш, засега се укажува дека малото момче се удавило.