Трагедија во Грција: Девојка се онесвести откако доби предлог за брак, се бори за живот

by irena 12:13
12:13

24-годишна девојка од Чешка се онесвести веднаш по предлогот за брак од нејзиниот партнер додека уживаа покрај живописната црква „Пророк Илија“ во селото Енглуви на Лефкада.

По емоционалниот момент, девојката колабирала и била итно пренесена во болница во Превеза, каде лекарите констатирале сериозно мозочно крварење. Поради тежината на состојбата, таа е префрлена на интензивна нега во болницата во Јанина, каде се бори за живот.

Лекарите потенцираат дека причината не е поврзана со надворешна повреда или пад, туку со ненадејна внатрешна медицинска компликација.

Според грчките медиуми, парот бил на одмор, а предлогот требало да биде врв на нивната романтична авантура.

Истрагата продолжува, а семејството и пријателите се во голем шок и се надеваат на нејзино успешно закрепнување.

Слични вести