Две момчиња на возраст од 9 и 12 години, по потекло од Германија, се затрупани на плажа во одрон на песочна дина, соопшти данската полиција.
Двајцата живееле во Минхен, а немилиот настан се случил во регионот Северен Јитланд.
Децата биле со семејствата на одмор.
Според извештаите на локалните медиуми, момчињата ископале дупка, а потоа песокот се срушил врз нив и ги закопал живи.
Момчињата биле под песокот 40 минути, а околу 25 посетители цело време се обидувале да ги ослободат.
„Цело време копаа, имаше многу луѓе“, изјавил Бени Бак од локалната спасувачка станица за данската телевизија „ТВ 2“.
„Копаа со голи раце“, додаде тој.
Во тој морничав момент на плажата биле и родителите на затрупаните деца кои не губеле надеж дека тие се живи.
Откако успеале да ги откопаат, спасувачите се обиделе да ги реанимираат, а потоа со хеликоптер децата биле префрлени во болница.
Починале од тешките повреди.