514
Осмооделенка починала ненадејно пред своето основно училиште во белградската населба Звездара, објави blic.rs.
Девoјчето било со неколку другарки и се движело кон влезот на своето училиште, но ненадејно и се слошило и по неколку секунди паднала на земја.
Итната помош која била повикана не можела да ја спречи трагедијата и да и помогне на девојчето.
Надлежните органи во Белград ја истражуваат трагедијата која се случила денеска околу 15 часот пред училиштето „Деспот Стефан Лазаревиќ“. Според Блиц, починатото девојче немало здравствени проблеми.