Трагедија во Бангкок: 22 ученици и 3 наставници живи изгореа во автобус

by Fokus

Тешка трагедија денеска го погоди Бангкок, кога се запали двокатен автобус со 38 ученици и шест наставници.

Според локалните медиуми, повеќето од нив загинале – 22 ученици и тројца наставници.

Децата, на возраст меѓу три и девет години, биле од училиштето Ват Као Сангарам во провинцијата Утаи Тани и биле на екскурзија.

Министерот за внатрешни работи на Тајланд, Анутин Чарнвиракул, кој го посети местото на несреќата заедно со министерот за транспорт Сурија Јуангроонгруангкит, и рече дека во автобусот се наоѓале вкупно 38 ученици и шест наставници.

Од пламените јазици успеале да побегнат 16 ученици и уште тројца професори.

Еден од наставниците изјавил дека вратите на запалениот автобус на почетокот не можеле да се отворат, што придонело за големата бројка на жртви.

Учениците се враќале од еднодневна екскурзија во историскиот парк Ајутаја и биле на пат кон Едукативниот центар на Електричната управа на Тајланд (ЕГАТ) во провинцијата Нонтабури кога се случила несреќата.

Поврзани новости