540
Прекинат е концертот на Калиопи во ,,МТС дворана” во Белград, бидејќи пред самиот почеток на настанот и се слошило на жена во публиката. По доаѓањето на итната помош реанимацијата траела околу 30 минути, но жената починала – пренесуваат српските медиуми.
Како што појаснуваат, станувало збор за жена на возраст од околу 70 години од Македонија, која заедно со ќерка и и пријатели дошла на концертот.
“Салата беше евакуирана, а присутните и Калиопи беа видно потресени, известуваат тамошните медиуми.
Концертот требаше да биде осми по ред на Калиопи во Белград во тек на нејзината кариера, а втор во ,,МТС дворана”.
Вики Клинчарова