Традиционално натпреварување: Црногорците го соборуваат рекордот во излежување и денгубење

by Fokus

Натпреварот во излежување, кој ја прави Црна Гора единствена во Европа, се организираше по 11. пат во етно селото „Монтенегро“ во Брезна во Пива, а од девет натпреварувачи од Никшиќ, Подгорица, Даниловград и Белград, двајца сè уште се борат за парична награда од 350 евра, пишува подгоричкиот весник Вијести.

Натпреварувачите порачаа дека се надеваат дека ќе го соборат минатогодишниот рекорд на Подгоричанката Дубравка Алексиќ, која стана по 117 часа лежење, а битката за титулата најголем денгубец сега ја водат Жарко Пејановиќ од Подгорица и Вук Кољеншиќ од Даниловград, откако вчера, на првиот натпреварувачки ден, седуммина се откажаа.

Натпреварувачите спиеле под крошна на стогодишен јавор, но преку ден морале да одат во колиба поради дождот, било соопштено синоќа за „Вијести“.

Дозволено е јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон – сè освен станување. Одење во тоалет е дозволено на секои осум часа. Првата награда е 350 евра, додека вкупната вредност на утешните награди е околу 500 евра. Првонаградениот добива и рафтинг, викенд во етно село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу награди од спонзори.

Поврзани новости