125
Верниците во сите населби вечерва палат бадникови огнови. И покрај предупредувањата на црквата да не се палат огнови бидејќи тоа се пагански обичаи, луѓето сепак, не ја напуштија традицијата. На социјалните мрежи се ширеше и апел до граѓаните, да не палат бадникарски огнови, заради големото аерозагадување.
Палењето оган е во пресрет на утрешниот ден Бадник кога семејствата се собираат на трпеза, вртат лепче со паричка и се јадат посни јадења.
Задутре пак е Божиќ, раѓањето на Господ Бог.