376
Северот на Косово сè уште е блокиран од граѓаните и полицијата, а затворени и понатаму се граничните премини „Јариње“ и „Брњак“ меѓу Србија и Косово. Преку нив не може да се помине ниту пеш, ниту со автомобил, јавува РТС.
На барикадите ноќта поминала мирно, но пред полноќ се слушнале пукотници и детонации. Нема информации за повредени или ранети, јавува РТС.
Барикадите на патиштата се поставени како реакција на апсењето на Србин, поранешен припадник на косовската полиција.