Како министер за внатрешни работи, а пред сè како човек најостро го осудувам вандализмот врз спомен плочата кај Карпалак, поставена во чест на загинатите припадници на нашите безбедносни сили во 2001 година”, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Овој чин е директен напад врз нашата колективна меморија и кон оние кои го дадоа својот живот за зачувување на безбедноста и интегритетот на Македонија. Сакам да потенцирам дека ваквите дејствија нема да бидат толерирани, а МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки за санкционирање на сторителите на овие кукавички дела, сè со цел заштита на нашите културни и историски вредности“, појасни Тошковски.
Само еден ден откако завчера бранителите заедно со владини делегации и претставници на семејствата на загинатите кај Карпалак ја одбележаа 23 годишнината од масакрот, вчера спомен плочата поставена во нивна чест е остранета.