Тошковски во посета на ПО Јегуновце и ОВР Гостивар

by Fokus

Во текот на денешниот ден министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги посети Полициското одделение Јегуновце и Одделението за внатрешни работи Гостивар при Секторот за внатрешни работи Тетово. Во рамки на двете посети министерот Тошковски одржа работни состаноци со раководствата на кои се разговараше за тековните активности и проблеми во работењето.

Од страна на раководството на ПО Јегуновце на министерот му беа посочени неколку проблеми поврзани со материјално-технички средства за работа, за кои истакна дека ќе даде соодветни насоки до надлежните служби за да се надминат. Исто така, се разговараше за потребата од отворање на пункт за фотографирање во Јегуновце кои ќе овозможи на овие граѓани полесно и побрзо да дојдат до своите лични документи, за што ќе се направи соодветна анализа на потребните ресурси и можноста ова да биде имплементирано.

На состанокот со раководството на ОВР Гостивар меѓудругото министерот Тошковски беше запознаен и со фактичката состојба поврзана со пополнетоста на организациската единица од аспект на човечки ресурси и му беше посочено дека се соочуваат со сериозен недостаток на униформирани полициски службеници и во иднина потребно е да се направат определени промени во овој дел. Во оваа прилика Тошковски ги посети и управните служби кои се наоѓаат во истиот објект, каде од страна на раководителот му беше посочено дека во моментот нема гужви за фотографирање и овие постапки се одвиваат без проблеми.

Поврзани новости