Тошковски во посета на Одделот за форензички испитувања при МВР

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на Одделот за форензички испитувања при МВР кој од неодамна доби нова зграда која беше изградена согласно најновите меѓународни стандарди, а со поддршка на Европската Унија.

Во рамки на посетата Тошковски имаше состанок со началничката на Одделот која ја презентираше структурата на оваа организациска единица и ги образложи проблемите со кои сè уште се соочуваат од аспект на набавка на соодветни материјално-технички средства кои подолго време не се набавени, а се неопходни за целосно ставање во функција на новата зграда, односно за комплетно префрлање на оние лаборатории кои во моментот сè уште се лоцирани во стариот објект.

Тошковски ги посети различните одделенија кои функционираат во рамките на овој Оддел и преку непосредна комуникација со вработените беше запознаен со нивната работа.

Поврзани новости