Тошковски во интервју за „Фокус“: Случајот со судијата Наке Георгиев е чист, фатен е на лице место

by Fokus

Најодговорно тврдам дека случајот со врховниот судија Наке Георгиев е инфлагрантен, фатен е во една чисто спроведена, процесна постапка од аспект на Министерствотот за внатрешни работи. Фатен е на лице место, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за неделникот „Фокус“.

 Разговараше: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ФОКУС: Кога беше уапсен судијата Наке Георгиев, лично во некој дел ме потсети на времињата на МВР во време на Груевски и Јанкулоска. Да, немаше спектакуларни апсења и снимки, но како и во минатото, веднаш излегоа информации и детали за случајот во одредени медиуми, а потоа официјалните лица за односи со јавност даваа само штури официјални информации, кои не ја даваат целата слика.

ТОШКОВСКИ: Најодговорно тврдам, станува збор за инфлагрантен случај, каде што висок профил на индивидуа платен од народни пари на една од највисоките позиции во државата, е фатен во една чисто спроведена, процесна постапка од аспект на надлежност на Министерството за внатрешни работи. Крајниот епилог ќе биде многу поразличен од оној кој бил претходно од аспект на процесно право. Македонската јавност виде дека дури и во една техничка влада можело да се има еден професионален пристап, и можело да се покаже дека нема недопирливи.

СУДИЈАТА НАКЕ ГЕОРГИЕВ НЕ Е НАМЕСТЕН

ФОКУС: Дали имаше снимки, кога беше пријавен случајот?

ТОШКОВСКИ: Процесните дејствија што се преземени, во оваа фаза се тајни. Јас нема да си дозволам како некои мои претходници да обелоденувам детали кои можат да го загрозат кое било процесно дејствие што треба да следи во иднина.

Но, можам да ви гарантирам дека сето она што е преземено од страна на Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство, е преземено согласно законот и е согласно сите меѓународни стандарди и прописи и досега во рамки на постапувањето нема процесна повреда што би можела да биде констатирана во Стразбур. Сто проценти е постапено согласно законските одредби. Имаме случај инфлагранти, фатен е на лице место.

ФОКУС: Имаше информации и дека е наместен.

ТОШКОВСКИ: Заврши времето кога народот беше лажен и манипулиран од страна на оние што се на одредени позиции. Народот наш е многу мудар и може да расуди многу добро дали во одредени вакви процесни дејствија имаме чиста или нечиста ситуација. На крајот на денот, секој еден потенцијален осомничен, обвинет или ако судот така одлучи, осуден, има име и презиме.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости