Тошковски во интервју за „Фокус“: Немам фирми во Бугарија, обвинувањата на Апасиев се ниски

by Fokus

Немам високо мислење за лидерот на Левица, Димитар Апасиев од аспект на неговото правно познавање, со оглед на тоа што е професор по римско право. Немам, ниту сум имал фирма во Бугарија, ниту имам, ниту сум бил косопственик во фирма со Игор Јанушев, ниту во Бугарија, ниту во Македонија, вели во интервју за „Фокус“ министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. 

разговараше: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ФОКУС: Лидерот на Левица, Димитар Апасиев е ваш сограѓанин. Имаше остри критики на седницата кога се гласаше за избор на новата влада за речиси сите министри. За Вас кажа дека сте му биле „десна рака на Миле ми текна“, (Миле Јанакиески) и Ве нарече адвокат на урбаната мафија.

ТОШКОВСКИ: Не знам како да го искоментирам мојот сограѓанин. И тој доаѓал кај мене во канцеларија за адвокатски услуги. И навистина вакви несериозни обвинувања не би сакал да ги коментирам. Работев во Министерството за транспорт и врски  во периодот кога Миле Јанакиески беше министер, од 2008 до 2011 година, а потоа ја напуштив таа работа и работев како адвокат.

ФОКУС: Тој Ве обвини дека сте биле косопственик на фирми во Бугарија, заедно со сегашниот генерален секретар на владата, Игор Јанушев со кој сте во кумски релации.

ТОШКОВСКИ: Немам високо мислење за Апасиев од аспект на неговото правно познавање, со оглед на тоа што е професор по римско право, но не би сакал да користам вакви инсинуации, измислици, клевети и навреди за никого, ниту за него.

ФОКУС: Имате или не фирми во Бугарија?

ТОШКОВСКИ: Немам, ниту сум имал фирма во Бугарија, ниту имам, ниту сум бил косопственик во фирма со Игор Јанушев, ниту во Бугарија, ниту во Македонија. Ниски се обидите за свртување на вниманието на јавноста. Ова е ниско.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости