Бев адвокат на компании кои се во државна сопственост додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, но и додека СДСМ беше на власт. Бев правен консултант и во Општина Струмица, додека Зоран Заев беше градоначалник, вели во интервју за неделникот „Фокус“, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
За јавноста спорен беше неговиот ангажман во државната ЕЛЕМ, додека директор на компанијата беше сегашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Разговараше: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
ФОКУС: Сте биле адвокат на фирми кои се во државна сопственост додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.
ТОШКОВСКИ: И додека СДСМ беше на власт.
ФОКУС: Во кои компании сте биле адвокат додека СДСМ беше на власт?
ТОШКОВСКИ: Бев ангажиран како правен консултант во Општина Струмица додека Зоран Заев (поранешен премиер и лидер на СДСМ) беше градоначалник на Општина Струмица. Сум бил ангажиран како адвокат од Општина Липково додека таму раководеше Еркан Арифи, припадник на политичката партија ДУИ. Бев адвокат во ЕЛЕМ и во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и во времето на СДСМ. Сум бил адвокат на многу фирми, правни лица, сум бил адвокат на многу физички лица, сум бил адвокат во рамките на предметот „27 април“. Тоа ми беше професија.
Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.