6
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на новинарски прашања во однос на тоа дали ќе има проширување на истрагата и на други вработени за случајот со полицајците кои оддавале службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“, истакна дека постои обемен доказен материјал кој се анализира од страна на ОЈО-ГОКК.
Рече дека истите се прибавени од апликацијата „Скај“.
„Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста, а поврзани со организиран криминал и висока корупција. Претпоставувам дека во иднина ќе следат поголем број на случаи коишто се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај – апликацијата“ – рече Тошковски.