Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на ТВ21 вели „спрегата помеѓу мафијата и државата во изминатиов период била таква каква што била, односно високораководни структури на поголем број институции биле во спрега со оние од другата страна на брегот“.
– Спрегата помеѓу мафијата и државата во изминатиов период била таква каква што била очигледно дека наместо државата да менаџира така како што доликува на една европска земја оние коишто треба да бидат во рамки на овие установи на начин на кој доликува очигледно дека државата односно високораководни структури во рамки на поголем број на институции и те како биле во спрега со добар дел од оние коишто се од другата страна на брегот еве да го кажам народски – вели Тошковски.
За полицискиот извештај за убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски вели „во иднина ја оставам затворена опцијата истиот да биде декласифициран таков каков што е сè со цел да нема недоумици во јавноста“.
– Од аспект на полициско постапување донесени се задолжителни мерки по којшто треба да постапи БЈБ се со цел да имаме поефикасно постапување на полициските службеници во иднина. За жал тој извештај е класифициран како таков и не би можел да вадам повеќе детали од истиот, но во иднина ја оставам затворена опцијата истиот да биде декласифициран таков каков што е сè со цел да нема никакви недоумици во јавноста – вели Тошковски.