Македонската полиција веќе реагираше по вчерашните инциденти за време на прославата на Денот на албанското знаме, кога беше уништено македонското знаме, истакна на прес-конференција министерот Панче Тошковски.
-Уапсени се веќе осум лица. Четири учесници во тепачка, а другите 4 лица се уапсени заради тоа што за нив имаме основа на сомнение 319 од КЗ кое се однесува на предизвикување расна и верска омраза, за кое се предвидува казна затвор од 1 година, еден од нив е малолетник, а тројца се млади лица на возраст од 18 до 21 година. Тие се веќе приведени и наскоро ќе бидат изнесени пред суд. Веќе е уапсено и лицето кое до црвен автомобил го кинеше македонското знаме, рече меѓу другото министерот Тошковски.
Ги молам сите граѓани кои имаат видеа, фотографии и други информации за сквернавење на македонското знаме да ги достават до МВР, побара Тошковски.