217
Политички лешинари преку проблемот со црквата во Галате сакаат да предизвикаат меѓуетнички тензии, што е доказ за наводите за дестабилизација на кои предупредуваше во неколку наврати премиерот Христијан Мицкоски, оценува во интервју за Телма министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Според него, обидот за подгревање на тензии е неуспешен, а МВР ќе ги преземе сите мерки за нивно целосно спречување.
Како што посочува Тошковски, информации за расчистувањето на околината на црквата во Галате во Oпштина Врапчиште немале ниту во МПЦ.