Министерството за внатрешни работи во коррдинација со јавното обинтиелство, до овој момент, во врска со овој кривично-правен настан, има осомничено, повеке од 20-тина лица.
Околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените за предизвикување на овој настан се почнати согласно сомненијата кои ги имаме досега, од аспект на осомничени, дел се во болница. Четири лица имаме момнетално обезбедено во болница.
Два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице која што ја менаџирало дискотеката. Дел од приведените лица, коишто моментално се во полициска станица, се луѓе кои имаат директна вина со овој настан согласно собраните докази, односно приведено едно лице коешто е организатор на настанот и за коешто имаме сомнение дека еден од оние кои имаат директна вина за овој настан.
Исто така приведени се, поранешен државен секретар на министерство за економија, поранешен/ сегашен раководител на еден сектор во рамки на министерство за економја, а приведен е и поранршен директор на Дирекција и спасување и тројца вработени во рамките на дирекцијата.
Дел од приведените кои се во Кочани се луѓе кои биле организатори на самиот настан, дел биле вклучени во обезбедување, а дел во други активности кои се случувале вечерта. Разговор од страна на полициските службеници, со очевидци на настанот е извршен со повеќе од 25 лица и се продолжува со собирање на докази за самиот настан.
Легална лиценца за работа оваа фирма нема. И оваа лиценца како и многу други работи во минатото во Македонија е поврзана со мито и корупција.
Сакам да и напоменам на македонската јавност, за разлика од претходно, во овој случај имаат име и презиме оние кои се одговорни за издавање на лиценцата и ќе одговараат. Досега се утврдени повеќе од 20 повредени малолетни лица и три починати малолетни лица. Во дискотеката имало колу 500тина лица. Некаде околу 250 карти се продадени согласно информациите.
Имињата на починатите, по завршувањето ке бидат доставени до семејствата. Поголемиот дел се идентификувани. Сите тела се извадени на лице место, а во критична состојба имаме 22 лица и дел од овие лица ке бидат пренесени во Турција, Бугарија, Грција и на истите ќе им биде даден соодветен третман за лекување.