Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски синоќа оцени дека министерството за внатрешни работи нема контрола на државните граници.
„Сега глумиме дека знаеме што се случува на границите, но немаме поим. Тоа е вистината. Не можам да се лажам себеси, ниту вас, ниту македонската јавност. Сакаме да имаме сигурни граници или… Ни влегуваат преку диви патчиња и прават тоа што сакаат да направат во државата и си излегуваат без никој да ги праша…
Дали целиот период наназад намерно е вака оставен системот? Во 21 век, со 49 души да покриваш 39 километри со физичко трчање по граница, за мене е надвор од умот. Има луѓе кои што си ја работат, но зборувам од менаџерска позиција“, изјави Тошковски во емисијата „Топ тема“, потенцирајќи дека имало „глумење на сигурна граница“.