Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција по повод една година од неговата работа со МВР, вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.
– Во однос на тоа дали има наредба од страна на јавен обвинител, да, има и постапуваме. Ве уверувам дека како за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство така и во иднина нема да оставиме под знак прашалник ниеден конкретен предмет во интерес на јавноста. Во однос на сите ќе постапуваме така како што и прилега на една европска земја. За разлика од тие претходно не сме европјани само декларативно, тоа го покажуваме со дела, подвлече министерот Тошковски.
Во однос на тоа дали е утврден случај на дивоградба во Чаир рече дека не знае, но увери дека се постапува и оти резултатите ќе се видат наскоро.