Лет на „Рајанер“ за Манчестер рано утрово беше вклучен во инцидент на пистата на аеродромот Палма де Мајорка. Авионот беше евакуиран поради лажна пријава за пожар, а 18 лица беа полесно повредени, потврдија локалните власти.
Инцидентот се случил во саботата во 00:30 часот. Службите за итни случаи добија пријава за пожар во авионот што се наоѓал на постојката, а според порталот Crónica Balear, противпожарни екипи и работници на брзата помош веднаш биле испратени на местото на настанот.
Ryanair 737-800 evacuated at Palma de Mallorca Airport after a fire indication developed on board during taxi.
The SAMU061 coordination center received a call at a.m, reporting a fire on flight RK3446 to Manchester.
A total of 18 people were injured during the evacuation, six… pic.twitter.com/XpCCejGq2t
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) July 5, 2025
Шест патници биле однесени во болница на понатамошни прегледи – тројца во клиниката Ротгер и тројца во болницата Палмапланас. Другите биле згрижени на местото на настанот со полесни повреди како што се истегнувања на глуждовите.
Локалната Цивилна гарда и пожарникарите на аеродромот помогнале во евакуацијата на патниците, од кои некои сами скокнале од авионот преку крилата за да се оддалечат од авионот што е можно побрзо.
Рајанер потврди дека полетувањето е откажано поради лажно предупредување за пожар. „Летот од Палма до Манчестер на 4 јули не полета поради лажна индикација за пожар. Патниците беа евакуирани со помош на надувувачки лизгалки и вратени на терминалот“, изјави портпаролот на „Рајанер“.
„При излегување од авионот, неколку патници беа полесно повредени, па екипажот веднаш побара итна медицинска помош. За да ги намалиме доцнењата, брзо организиравме заменски авион кој полета од Палма во 07:05 часот утрово.“ „Искрено им се извинуваме на сите патници за непријатностите што ги доживеаа“, додаде авиокомпанијата.