Тошковски на Топ Тема: За Груби досега официјална потврда не е доставена од соседните земји

by Fokus

Во вечерашната Топ Тема на Телма на прашањето до министерот за внатрешни работи, кои колеги му се на „црвена линија“ од Албанија, Косово или некоја трета земја во потрагата по Артан Груби, Панче Тошковски одговори дека досега официјална потврда не е доставена до македонското МВР од ниту една земја.

На прашањето со која соседна држава разговарате, откако Изет Меџити излезе со тврдење дека Артан Груби е во Албанија, тој беше дециден дека меѓународна потерница за предметното лице е објавена.

„Имаме комуникација со сите соседни држави и одлична е соработката со нивните министерства за внатрешни работи и досега официјална потврда не е доставена до македонското МВР“, рече министерот.

Тој истакна дека не би си дозволил да шпекулира со одредени информации кои кружат во јавноста. Дали Груби е бегалец од правдата или само е недостапен за органите на прогонот?

– Да тој е недостапен за органите на прогонот и би сакал, доколку како што вели е „чист како солза“ да се одважи, да се врати и сите надлежни органи ќе си постапат согласно надлежностите, рече Тошковски.

– Предметното лице по усна наредба на јавен обвинител в моментот кога ја напушта Македонија е ставен на Стоп листа, при што предметниот полициски службеник кој работи во рамки на гранична полиција бил должен да го задржи и за тоа да извести надлежен органи, односно надлежниот јавен обвинител кој требало да даде напатствија за понатамошно постапувања. Но за жал од страна на пол службеник кој му врши проверка на пасош, ова е констатирано со видео запис, по увид во рамки на пасошот на предметното лице, му го враќа пасошот и тој се упатува кон косовскиот граничен премин и по неколку минути констатира дека предметното лице е на Стоп листа и во тој момент презема соодветни дејствија на известување но не го запира лицето, објаснува Тошковски.

Министерот рече дека затоа во оваа фаза е изготвен записник дека полицискиот службеник не постапил согласно со стандардна оперативна процедура и не го задржал предметното лице и му дозволил да излезе. Заради тоа Одделот за внатрешна контрола заедно со Обвинителството за гонење на организиран криминал е поднесена соодветна кривична пријава, а во рамки на надлежностите на МВР е донесено решение за суспензија на предметното лице, вели министерот. Тој е дециден дека полицаецот направил кардинална грешка и не го известил јавниот обвинител.

извор: Telma.com.mk

Поврзани новости