Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ја брануваше јавноста во Собранието, изјавувајќи дека по цели две децении, Македонија конечно добила „нормален министер“ на чело на МВР.
Оваа негова самопофалба, која во собраниските кулоари беше протолкувана како директна глорификација на самиот себеси, автоматски ги стави во категоријата „ненормални“ сите негови претходници на функцијата – вклучувајќи ги Гордана Јанкулоска, Митко Чавков и Оливер Спасовски.
Наместо конкретни одговори на серијата пратенички прашања за безбедносните пропусти, Тошковски рече дека МВР под негово водство бележи историски успеси.
„МВР дава најдобри резултати во изминативе 20 години и вие треба да се гордеете со тоа, а не да измислувате приказни. Вие не можете да прифатите дека конечно по многу години има министер што е нормален“, порача Тошковски од говорницата, завршувајќи со улична метафора: „…ќе видиме кој ќе се чеша на крајот на денот“.