Тошковски му беше десна рака на „Миле ми текна“, Муцунски е полош градоначалник и од Марин – Апасиев со критики за предложените министри

by Fokus

Имате еден глумец, а јас би кажал сите сте глумци. Еден шпион, косовски, не знам ни дали знае човекот македонски јазик, и работел за косовската влада. Вие господине Мицкоски сте плагијатори, а на реформатори. Има 10 добри работи, и сите се препишани од Левица. Идеолошки воведувате нов правец, еве да го наречеме Мицковизам како највисок стадиум на Груевизмот, бидејќи правите идеолошка каша попара од кадрите, рече лидерот на „Левица“ и пратеник Димитар Апасиев критикувајќи ја програмата и кадрите кои ги предложи идниот премиер, Христијан Мицкоски.

-Значи, имате: бугараши, врховисти, необалисти, бранковисти и михајловисти на крајот, но не овие ванчо-михајловизам туку воведувате сега ‘Дража-михајловизам’ во нашата Влада! Вториот хаштаг е „шверцери властитог живота“. Мицкоски си ја фризирал биографијата. Требало наместо нарцесоидни моменти, требаше да пишете тато ме направи асистент, Груевски претседател на партија. Програмата е без визија, без храбри чекори, зборот работник се споменува само два пати, зборот синдикат нула пати и знаете дека на ДПМНЕ газдите и коморите ќе им бидат нивните соработници, рече Апасиев,

За предложениот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, кој сега е градоначалник на општина, Аеродром потсети дека токму тој го спорел неговото назначување за асистент на Правен факултет, а на неговиот приговор се приклучила сегашната претседателка, тогаш професорка, Гордана Сиљановска Давкова.

За него вели „тој што го бива, секаде го бива’“

– Јас доаѓам од Аеродром каде што се вели: „Од Златко Марин полош е само Муцунски!“. Во 15 години што живеам таму општината понечиста не била, рече Апасиев.

Предложениот министер за дигитална транзиција Стефан Андоновски пак, му заличи на Бојан Маричиќ од СДСМ, како пандан од ВМРО-ДПМНЕ.

За предложениот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека му бил десна рака на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанкиески „Миле ми текна“ и го нарече адвокат на урбаната мафија.

-Не знам зошто не ги навел фирмите кои ги имаат или немаат со Јанушот (Игор Јанушев) во Бугарија, не знам дали тој му е косопственик, рече Апасиев за Тошковски.

За министрите од ВЛЕН пак рече дека самите тие им ги кажувале криминалите, а сега ги предложиле за министри.

Поврзани новости