Тошковски: Македонската полиција работи и во недела, се спроведува акцијата поврзана со криумчарење на луксузни возила

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово ги посети полициските службеници во Единицата за внатрешни работи во Ѓорче Петров, каде облиску се запозна со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција.

„Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации. Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава.“, потенцираше министерот Тошковски.

Поврзани новости