54
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени за несериозна вчерашната изјава на техничкиот премиер Талат Џафери оти граѓаните имаат доволно време да поднесат барања и да се опремат со лични документи, кои им се потребни за идентификација и гласање на претстојните избори, со оглед на тоа што, како што рече, до одржување на изборите има уште 50-ина дена.
Според Тошковски, пак, оние 50 дена за кои говори Џафери во суштина и не постојат.
Министерот посочува дека на 18 март се затвора избирачкиот список и доколку до тој ден во сила не стапи предложената законска измена според која граѓаните би можеле да гласаат со важечките пасоши со старото уставно име на државата, тогаш ќе им биде прекршено уште едно човеково право.